СДСМ: Конфузни реакции на ВМРО-ДПМНЕ без аргументи

 

Конфузни реакции на ВМРО-ДПМНЕ без аргументи, Македонија оди напред, никој нема да ја закочи македонската иднина, стои во соопштението на СДСМ.

„На ВМРО-ДПМНЕ и беше потребна дополнителна прес-конференција за да ја покрие безидејноста и немањето аргументи на нивната пратеничката група.Тоа што пратениците од ВМРО-ДПМНЕ немаат аргументи и настапуваат само со ширење невистини и клевети не може да се покрие со исто таква прес конференција, без аргументи и со искажани невистини.Ваквото однесување без политичка насока на делување уште еднаш ја потврдува конфузијата во којашто се наоѓа опозициската ВМРО-ДПМНЕ“се вели во соопштението.

Оттаму нацведуваат дека конечно ВМРО-ДПМНЕ треба да се изјасни пред граѓаните дали е за членство на Македонија во ЕУ и НАТО.

„Договорот за решение на 25 годишниот спор е патриотски чин во согласност со националните и државни интереси, препознаен и признат од целата домашна јавност и целиот демократски свет. Со него, еднаш засекогаш се гарантира и јакне македонскиот идентитет и се обебзедува европската иднина на Македонија и нејзините граѓани.Никој, па ниту ВМРО-ДПМНЕ и Ѓорге Иванов нема сами да одлучуваат за македонската иднина, туку тоа ќе го сторат сите граѓани на непсореден и демократски начин преку референдум.Ниту една закана, ниту една навреда и клевета од страна на ВМРО-ДПМНЕ нема да ја вратат Македонија во времето на изолација и поделби. СДСМ, граѓаните и сите институции нема да дозволат деструктивните сили да ја закочат македонската иднина. Македонија оди напред и запирање нема!“ Велат во своето соопштение од СДСМ.

 

 

 

 

02.07.2018 - 17:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега