Адеми: Затворање на капацитетите кои во предвидениот рок нема да ги исполнат еколошките стандарди

 

Владата останува на ставот дека нема да се пролонгира рокот за добивање интегрирана еколошка дозвола до април 2014 година, нагласи денеска министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми.

Адеми истакна дека компаниите имаат доволно време да се подготват за да ги имплементираат сите еколошки стандарди. Доколку некој не го направи тоа, следуваат и санкции.

- Најголема и единствена казна за непочитување на Законот ќе биде затворање на инсталацијата. Законот е усвоен во 2005 година и од тогаш сите инсталации во Македонија знаеjа дека треба да аплицираат со конкретни оперативни планови да обезбедат А интегрирана дозвола и до април 2014 сите оперативни планови да ги имплементираат, рече Адеми. 

Досега во Министерството аплицирале 135 компании за А и Б интегрирани дозволи. Издадени се 50 А интегрирани дозволи, уште толку се во постапка, кои ќе ги добијат наскоро.

 

16.09.2013 - 13:33
Фото: 
Нова Македонија

најчитано сега