Заев: Ви доаѓа да пукнете од мака што го решивме спорот за името
Ќе пукнете од мака што ние го решивме спорот за името а не вие. Вака премиерот Заев му одговори на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Јовановски кој во пратеничко прашање го обвини за предавство.
„По 27 години го решивме проблемот со Грција за името. Со договорот го заштитивме македонскиот јазик, македонскиот народ. Вие кога бевте на власт се водевте само од правење математички поени за рејтингот и сакавте што подолго да се одржите на власт. Ние добивме датум за преговори и ви доаѓа да пукнете од мака што ние го решивме името, а не вие“, му одговори Заев на Јовановски, кој претходно од собраниската говорница ги нарече Заев и пратениците од мнозинството предавници.
Опозицискиот пратеник во говорот рече дека премиерот Заев е лажго кој треба да биде запишан во Гинис.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа