Заев: Заедно да се радуваме за датумот за преговори што го добивме (ВИДЕО)

 

Премиерот Зоран Заев ја повика опозицијата заедно да се радуваат за, како што рече, добиениот датум за преговори со Европската Унија. Тој рече дека скрининг процесот на Македонија почнува на 17 јули и рече дека Европскиот Совет нема да се навраќа да утврдува датум.

„Скрининг процесот почнува на 17 јули. Ова е доказ дека има датум. На ова работела и претходната влада. Датумот е фер однос. Ајде заедно да се израдуваме на датумот за преговори“, рече Заев од собраниската говорница одговарајќи на пратенички прашања.

Премиерот рече дека и еврокомесарот Јоханес Хан потврдил дека Македонија има датум и дека тој наскоро ќе дојде во земјава.

 

 

 

02.07.2018 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега