Експертите препорачуваат: Компаниите да спроведат едукација во областа на контролингот

Компаниите да спроведат едукација во областа на контролингот, порачуваат финансиските експерти кои веќе ова го детектираат како потреба.

Андреја Швигар, експерт по контролинг во Хрватска, денеска на македонските компании им порача дека треба да формираат сектори кои ќе се занимаваат со контролинг: - Сите компаниите имаат проблеми. Сите сегменти се зафатени. За жал компаниите навреме не ја препознаваат парцијалната криза и оние проблеми кои треба навреме да се детектираат за кризата да не се рашири на целото претпријатие, истакна Швигар додавајќи дека конотролингот не е врзан за мало или големо претпријатие, дека проблемите се врзани и за едните и за другите, само што различно ги решаваат.

- Ние на жалост зборуваме за лечење на неликвидноста, па се фокусираме на нешто што е последица. Претпријатијата треба да се насочат кон причините, а причините се секогаш во рентабилноста, посочи хрватската експертка за контролинг, истакна Швигар.

Хрватска веќе има искуство во оваа област и веќе ја едуцира шестата генерација контролори.

16.09.2013 - 13:15