Новиот Форд Транзит Конект - товарно возило на годината за 2014

Сосема новиот Форд Транзит Конект денеска е именуван за „Товарно возило на годината за 2014 на меѓународно ниво“ на изложбата COMTRANS за комерцијални возила одржана во Москва, со што Форд стана првиот и единствениот производител кој има победено во две последователни години.

Форд бележи победа по петти пат откако жирито составено од 24 европски новинари-специјалисти го наградија Транзит Конект со 130 поени од вкупно можните 163, со што застана пред Мерцедес Бенз Спринтер (123) и Рено Кангу (25)

Наградата која што ја доби сосема новиот Транзит Конект следи по претходните успеси на Транзит (2001), Транзит Конект (2003), Транзит (2007) и Транзит Кастм (2013).

„Сосема новиот Транзит Конект постави нови правила на игра за компактните комбиња – и ние сме многу горди што повторно ја добивме оваа значајна награда“, изјави Барб Самарџич, потпретседателот на одделот за Развој на Продукти во Форд, Европа. „Новиот Транзит Конект е исто силен како и сите останати комерцијални возила, а доаѓа и со нов софистициран изглед и пониски цени за гориво“.

Со редизајнот кој Форд го направи на целата линија на комерцијални возила во период од две години, новиот модерен Транзит Конект се приклучи кон линијата на четирите нови Транзит возила, односно Транзит Кастм и претстојните Транзит и Транзит Курир од 2 тона, кои ќе се лансираат во 2014 година.

Транзит Конект е лидер во својата класа кога станува збор за економичност, носивост и издржливост, со моделот ЕКОнетик кој троши 4л/100км (70.6 mpg) и емисија на CO2 од 105гр/км* - подобрување од 34% во споредба со сегашниот модел. Со високата ефикасност на бензинскиот мотор 1.0 литри исто така е водач во својата класа кога станува збор за економичност.

Транзит Конект е достапен како товарно возило, комби со двојна кабина и комби каросерија и нуди  практичен и просторан товарен простор со вкупна зафатнина од 2.9 m3 и 3.6 m3 со целосна преграда,со максимална носивост од 1000 кг.

„Новиот Транзит Конект го импресионираше жирито на повеќе полиња, пред се поради леснотијата со силен акцент на економичност – со намалувањето на трошоците за транспорт на стока, возилото одговара на потребите на управувачите на мали и големи возила“ – изјави Питер Виман, претседателот на жирито на „Товарно возило на годината на меѓународно ниво“.

Товарниот простор нуди иновативни аспекти како што е товарење преку отворот на преградата, склопување на предното седиште на возачот и лизгачка странична врата во моделот со долго меѓуоскино растојание, со што се овозможува товарење на еуро палета. Според Виман „Форд посвети многу внимание на издржливоста и сигурноста, подлегнувајќи го возило на тестови за издржливост со стандарди поставени за комерцијални возила, и со тоа стана прв во својата класа што нуди опции како Активно Сопирање во Град“.

Оваа престижна награда „Товарно возило на годината на меѓународно ниво“ се додаде во веќе импресивните перформанси кои Форд ги имаше во изминатите две години. Форд Ренџер ја освои награда за „Меѓународно пикап возило за 2013“ и бензинскиот мотор 1.0 ЕкоБуст е именуван за „Меѓународен мотор на годината“ во 2012 и 2013 година.

„Нашите тимови низ цела Европа оправдано се пресреќни поради овие вести“ изјави Стефан Леш, главниот програмски инженер на Транзит Конект. „Тимот работеше неуморно за да се добие ова совршено возило за нашите вредни клиенти, и ова е прекрасен ден за сите оние кои се одговорни за Транзит Конект низ Европа“.

 

Новиот Транзит Конект ќе биде достапен за испорака кон крајот на 2013 година.

16.09.2013 - 13:09