Хорор излет за семејство од Штип

 

Вчера околу 17:30 часот, на регионалниот пат Штип-Плачковица, во близина на локалитетот „Баргала“, додека 38 годишниот штипјанец О.В. заедно со неговата сопруга и двете малолетни лица биле на излет, дошле три непознати лица кои без никаква причина физички го нападнале. Откако го истепале штипјанецот, тие го демолирале и неговото возило.

По преземени мерки од страна на полицијата, полициски службеници се обиделе да го приведат  Д.С.(22) од село Таринци како осомничен за нападот на штипјанецот. Насилникот, не сакал да и се предаде на полицијата и со нож замавнал кон полицајците. Веднаш потоа пристигнале и С.С.(44) од село Таринци и Х.С.(18) од село Зрновци, кои со метална цевка и секира почнале да им се закануваат на полицајците за да го ослободат нивниот пријател.

Насилниците се приведени во полициска станица, а во врска со случајот приведени се и М.А.(21), А.С.(22), Д.А.(22), Е.В.(21), Т.К.(20) сите од село Таринци и З.С.(21) од Штип. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

најчитано сега