Изгореа дваесет цистерни со гориво наменети за НАТО силите

Во провинцијата Белуџистан, во Пакистан беа нападнати 20 камиони-цистерни, кои превезувале гориво за единиците на НАТО во Авганистан.

Нападот се случил во момент кога возачите кои го превезувале горивото, запреле во градот Хуб за да направат пауза, по што околу десетина напаѓачи со тешко оружје и проектилили извршиле напади врз цистерните, при што изгореле сите 20 камиони - цистерни, јавуваат локалните медиуми.

16.09.2013 - 11:36
Фото: 
засе.мк

најчитано сега