ВМРО-ДПМНЕ: Николовски манипулира со земјоделците и го понижува нивниот труд

 

Земјоделието тоне со СДСМ на власт. Неготинчани и земјоделците од Тиквешијата не сакаат да бидат манипулирани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Љупчо Николовски, денеска на трибината во Неготино ги лажеше и манипулираше дел од земјоделците, посебно лозарите. Без да каже до каде е долго најавуваната исплата на лозарите за предадениот род од минатите години во винаријата  ,,Повардарие”. На лозарите иако им беше ветувана целосна исплата уште пред изборите се уште има земјоделци на кои не им е исплатено предаденото грозје, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека Николовски се плаши од земјоделците во неготинско затоа што нема одговор зошто оштетата за ланскиот мраз по декар земјоделска површина е неолкукратно помала од првично најавуваната.

-Николовски манипулира со земјоделците и го понижува нивниот труд. Власта не обезбеди загарантиран откуп и достојни цени.  Неготинчани и земјоделците од целата Тиквешија и државата се соочија со очајно ниски цени за доматите и праските, цени под прoизводствена вредност. СДСМ ветуваше загарантиран откуп по високо цени, а сега земјоделците се принудени да го продаваат својот род по цена под производствената вредност. Неодговорноста на СДСМ нема граница. На месец и пол пред бербата на грозјето, земјоделците се уште немаат познати цени. Власта ги остава земјоделците на цедило, како би биле уценувани од откупувачите. Земјоделците се жртва на манипулативнатa политика на СДСМ. Земјоделците гледаат дека Зоран Заев прави пустош. Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат, се наведува во соопштението од партијата.

 

 

 

28.06.2018 - 19:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега