СДСМ: Иванов е остаток од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ

 

Иванов е остаток од едно криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните нема да дозволат неговите постапки да ја вратат Македонија во времето на изолација и поделби, се вели во соопштението на СДСМ.

Тие оценуваат дека со блокирањето на процесот на назначување амбасадори што го спроведува Ѓорѓе Иванов е уште една потврда дека ниту се грижел, ниту пак се грижи за интересите на граѓаните и државата.

„Во клучниот период кога се обезбедува европска иднина на Македонија и нејзините граѓани, Иванов со своите постапки се обидува да ја закочи македонската иднина, да ја врати државата назад.

Со таквиот начин на делување Иванов докажува дека е остаток од едно криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ кое во целост беше спротивно на интересите на државата и граѓаните. Иванов делува е единствено во заштита на криминалите на власта на ВМРО-ДПМНЕ.

Во интерес на граѓаните и државата, правдата во Македонија треба да расчисти со наследството на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ како и со функцијата на Ѓорге Иванов, човекот што се обиде да ги амнестира и се уште ја кочи иднината на земјава.

Македонија тргна напред и се гради како модерна, демократска и напредна држава, идна полноправна членка на ЕУ и НАТО и сите обиди на Иванов да ја врати во времето на изолација, поделби и стагнација нема да бидат успешни“ стои во соопштението на СДСМ.

 

 

 

28.06.2018 - 16:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега