Уапсени повеќе од 300 лица на границата со појасот Газа

 

Египетските антитерористички сили и уништија 154 тунели под границата со Појасот Газа, соопшти портпаролот на армијата.

- Египетските воени сили планираат проширување на операцијата и целосно искоренување на тероризмот на Синај, каде се aктивни екстремисти, непријателски настроени кон преодните египетски власти и Израел, вели портпаролот на армијата.

Египетските власти го обвинија Хамас дека обучува терористи што вршат смртоносни напади врз безбедносните сили на Синајскиот полуостров, што граничи со Газа и Израел. Ваквите обвиненија ги одфрлија од палестинското исламистичко движење.

16.09.2013 - 10:40
Фото: 
Денешен

најчитано сега