Празен коверт за подарок на свадба - ова е новиот тренд во Полска

 

Економската криза ја зафати и  Полска со тоа  донесе нов тренд. Младите парови кои прават венчавка се почесто  добиваат празни коверти на подарок наместо пари од роднини и пријатели. 

Еден млад брачен пар од 30 коверти во кои требало да има пари од роднини и пријатели повикани на свадба, добиле осум празни, а во деветтото имало обична хартија исечена во големина на банкнота, за да на прв поглед не се види дека е измама.

Друг брачен пар направил свадба за 120 гости, а во половина од ковертите намало пари.

- Криза е. Многу луѓе немаат пари за таков подарок, каков што би требало да биде свадбениот, а се срамат за тоа да зборуваат затоа што досега имале пари, го објасни новиот феномен за денешното издание на "Жечпосполита" професорот Мариуш Јенџејко.

16.09.2013 - 10:21

најчитано сега