СДСМ: ЕУ го препозна, само Мицкоски не се израдува на успехот на Македонија

 

„Во заклучокот од Советот на ЕУ јасно е наведено дека „Советот се согласува позитивно да одговори на наведениот напредок“ на Македонија и го поставува патот кон “отворање на пристапните преговори во јуни 2019 година“стои во реакцијата на СДСМ по пресот на Мицкоски.

„Јасно е се. Одлуката е донесена: Вратите за Македонија за членство во ЕУ се отворени, земјава започнува преговори за полноправно членство во 2019 година!Македонија сега е препознаена како земја на позитивни промени, на динамичен процес на реформи и општествен дијалог. Држава која со силна, добронамерна политичка волја ги решава споровите со соседите и земја на граѓани кои имаат јасно изразена визија за европска иднина.Неспоредливо со заклучоците во времето на ВМРО-ДПМНЕ кои говореа за „заробена држава“.За само една година Македонија успеа да направи квантен скок. Од „заробена држава„ заедно успеавме да се вратиме на вистинскиот пат, на евро-атланскиот пат на иднината, велат оттаму.

Од СДСМ велат дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат доблест да го поздрават напредокот и успехот на Македонија којшто е постигнат заеднички со граѓаните.

„Тоа е нивен избор. Но, треба да се присетат на уште еден дел од заклучоците на Советот на министри на ЕУ којшто зборува за „судските реформи и проактивните истраги, обвиненијата и конечните пресуди во случаите на корупција и организиран криминал, вклучително и на високо ниво“.Правдата во Македонија треба да расчисти со наследството на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ како и со функцијата на Ѓорге Иванов, човекот што се обиде да ги амнестира и се уште ја кочи иднината на земјава.На Мицкоски и на сите оние коишто потрошија 11 години од животите на граѓаните и деценија ја држеа Македонија во место, за лично, криминално богатење, треба да им е јасно дека Македонија тргна напред и враќање назад нема да има“ пишуваат од СДСМ во своето соопштение како реакција на прес- конференцијата на Мицкоски.

 

 

 

27.06.2018 - 15:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега