ВИДЕО: Најмалку 21 загинат во Мексико при налетот на „Ингрид“ и „Мануел“
Тропската бура во Мексико „Мануел“ која се појави на пацифичкиот брег на земјата, однесе 21 живот, а властите стравуваат од уште поголема катастрофа и од ураганот „Ингрид“ кој се појавил на спротивната страна од земјата. Силните поројни дождови го погодија особено крајбрежниот дел на државата Гуереро каде досега се пријавени 14 смртни случаи. Најголем дел од загинатите завршиле трагично при лизгање на земјиштето. Некои од нив се удавиле од надојдените реки.
Мексико се обидува да се справи со она што го предизвика тропската бура „Мануел“ на пацифичкиот брег на земјата, додека властите се подготвуваат за силен удар од ураганот „Ингрид“ на спротивната страна од земјата.