„Блиц“ во 3Д издание за 13 роденден

Редакцијата на дневниот весник Блиц денеска слави 17 роденден и по тој повод денешниот број е испечатен во 3Д, прво издание на весник во таков формат во Србија.

На 56 страници во боја со помош на посебни очила кои ќе бидат залепени на секоја насловна страничка, фотографиите ќе може да се гледаат „како да се живи“, наведува редакцијата на весникот на својата веб-страна.

„ Тродимензионалниот свет во медиумите досега можевме да го гледаме во кино салите, но не и на хартија. Редакцијата на весникот Блиц се потруди на читателите да им открие нова димензија на печатено издание, прво од тој вид во Србија“, се вели во соопштението од весникот.

16.09.2013 - 09:54

најчитано сега