Британските дипломати во САД должат по 374.000 долари за погрешно паркирање
Високи дипломатски претставници во Вашингтон, не платиле казни за погрешно паркирање и сообраќајни прекршоци во висина од 374.000 долари. Рекордот го држат дипломатите на Британскиот премиер Камерун во Вашингтон чиј долг изнесува над 25.000 долари. На второто место се наоѓаат дипломатите од Мавританија со 174 казни, додека на третото место се Нигериските дипломати.
Од балканските земји најмногу неплатени казни имаат хрватските дипломати со вкупно 18 неплатени казни (1.692 долара), следат Словенците со 12 (1.055 долари), дипломатите од Македонија со 10 казни (940 долари) и од Босна и Херцеговина со седум казни (570 долари).
Според полицијата од американскиот главен град наплатата на казни кај дипломатите изнесува околу 78 отсто, што е во просекот, како и кај обичните американски граѓани.