Бан Ки Мун денеска ќе го претстави извештајот за хемискиот напад во Сирија

 
Денеска пред Советот за безбедност генералниот секретар Бан Ки Мун ќе го презентира извештајот за нападот со хемиско оружје во Сирија кој се случи на 21 август. Извештајот ќе биде презентиран во Женева пред Советот за човекови права на ОН од страна на Истражната комисија за повреда на луѓето во Сирија, во која учествва и поранешната обвинителка на ОН за воени злосторства Карла дел Понте. 
 
Со ваквиот документ се очекува да се зголеми притискокот на меѓународната заедница врз сирискиот претседател Башар ал Асад. 
 
Генералниот секретар на ОН претходно рекол дека во извештајот на експертите на ОН ќе биде заклучено дека во нападот во околината на Дамаск на 21-ви август било користено хемиско оружје. 
 
Но, во извештајот на експертите одговорноста за нападот не се препишува директно на сирискиот режим. 
16.09.2013 - 09:25

најчитано сега