Иванов од денеска на претседателски Самит во Драч
Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов денеска и утре ќе учествува на Петтиот регионален претседателски самит кој се одржува во албанскиот град Драч. Тој, според најавите, ќе присуствува на свечената вечера која за учесниците на Самитот ја приредува домаќинот, албанскиот претседател Бујар Нишани.
За утрешниот ден е предвидено Иванов да има и свое обраќање и да оствари повеќе билатерални средби.
По завршувањето на Самитот, Иванов оди во Тирана каде треба да се сретне со претставници на Македонското национално малцинство во Албанија. За во среда, пак, е најавено тој да се сретне со албанскиот премиер, Еди Рама.
16.09.2013 - 08:23