Подобрена состојбата на сите единаесет дечиња од кочанско

Шефот на Одделот за неврохирургија на Ургентниот центар, Александар Чапаросвски информира дека подобрување на состојбата е забележано кај сите 11 лица кои вчера биле примени во Ургентниот центар по страотната несреќа во кочанско-

Џепароски потенцира дека три деца сеуште се во многу тешка состојба. Две од нив се во коматозна состојба со повреди на главата, мозокот и градниот кош.

Едно од повредените лица е во подобра состојба и веќе не е зависно од респираторни апарати, информира Џепаровски потенцирајќи дека внимателно се следи состојбата на сите пациенти.

Две деца се примени на Детска хирурхија, тие се во добра здравствена состојба и најверојатно денеска ќе бидат пуштени на домашно лекување.

Од Ургентниот центар информираат дека една оперативна интервенција е направена врз девојче на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија поради санирање повреди на лице. Интервенцијата траела до 5 часот изутрината и потоа е однесено повторно на КАРИЛ.

Три деца се хопситализирани на интензивна нега во Општата болница во Кочани и нивната здравствена состојба е стабилна.

Од специјалната болница за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, велат дека 13 годишно девојче е примено со тешки повреди на црниот дроб и контузија на белите дробови. Засега се наоѓа на Одделот за интензивна нега. Директорката на „Свети Наум Охридски“, вели дека и покрај сериозната повреда, девојчето е во стабилна здравствена состојба.

Најмладото лице кое беше повредено во вчерашната трагедија е родено во 2006 година, додекаа најстарото во 1998 година.

 

Извор: Денешен