Почина познатиот шпански актер и пејач

Актерот и пејач, Еду дел Прадо почина во 41. година од воспаление на белите дробови предизвикани по тешка болест, пишува Хафингтон пост.

Дел Прадо беше познат по улогата на Цезар во серијата „Чекор напред“ и учество во групата „УПА Денс“ која ја сочинуваше екипата од серијата.

Кариерата ја продолжи во шоубизнисот, а беше член на жирито и и ментор во пејачките натпреварувања како што се „Глас“, „Академија на ѕвезди“…

Колегите од серијата со него се збогуваа на социјалните мрежи, меѓу нив беа Моника Круз, Мигел Анхел Муњоз и Беатрис Луенго.

 

 

 

25.06.2018 - 15:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега