Трик од нашите баби кој денс може да ве спаси: Како да ги исушите чевлите на брзина

Невреме кое со денови беснее во Македонија направи многу од нас на работа да отидат во мокра гардероба и чевли. Токму затоа, овој трик кој го применувале нашите баби може да ви помогне доколку чевлите ви се намокрени.

Не е важно од кој материјал ви се сандалите, балетанките или патиките, кога ќе ве фати дожд нема спас.

Сѐ што ви треба тогаш се стари весници и вашата облека ќе биде целосно сува.

Извадете ги влошките од чевлите и наполнете ги чевлите со згужвани страници од весници, кои ќе ја соберат влагата. Весниците менувајте ги често, Чевлите оставете ги два-три часа и ќе бидете пријатно изненадени.

Доколку на работа имате и фен, целата постапка ќе биде многу побрза. Ред весници, ред сушење и вашата облека ќе биде повторно сува.

 

 

 

 

22.06.2018 - 18:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега