Продавал переци на улица, а денес е светски моќник - како Ердоган стана страв и трепет во Турција

Турскиот претседател Рееп Тајип Ердоган е фаворит на неделните изборив во Турција во кои скоро 16 години ја крои судбината.Од перспективата на Западот, Ердоган драматично се проемнил. Во 2004 година, европскиот неделен весник “Europian voice“ го прогласил за „Европјанин на годината“.

Ердоган остава печат на Турција дури и како „таткото на модерна Турција“, Мустафа Кемал Ататурк кој според историчарите, иако владеел со Турција во минатото, имал попрогресивни и помодерни ставови од Ердоган.

Роден во 1954-та година во семејство кое што живеело на црноморскиот брег, Ердоган израснал во скромни услови во работничкиот дел на Истанбул. Како дете на улиците продавал переци и вода, а во 1999-та година бил уапсен поради неговиот страствен говор во кој што ја цитирал контроверзната песна „Минарињата се нашите бајонети“. Неговата политичка кариера потоа доживеала голем подем.

Во 2002-ра година Ердоган ја основаше партијата „АКП“ и дојде на власт во Турција. Идната година стана премиер и остана на таа должност до 2014-та година, а во тој период Турција забележа економски раст и може да се каже дека Ердоган ја предводеше „модерна Турција“ кон европското семејство.

Набрзо откако ја превзеде премиерската должност, поточно во 2004-та година ја укина смртната казна, а во 2005-та година беа отворени преговорите за влез на Турција во ЕУ. Додека Блискиот исток тонеше во хаос, Турција на Ердоган покажа дека Исламот и демократијата не мора да бидат во конфликт. Тој дури и започна мировен процес со Работничката партија на Курдистан, но 10 години подоцна, сето тоа ескалираше во војна.

Со оглед на тоа што во статутот на „АКП“ пишува дека премиер на Турција не може да биде повеќе од четири пати по ред, тој се кандидираше за претседател на државата во 2014-та година и победи на изборите. Сепак, на крај се покажа дека тој сака да го смени уставот на Турција и да ја преобрати државата од парламентарна во претседателска република.

Досега ништо во тоа не можеше да го сопре, затоа што во меѓувреме неговата власт ги превзеде речиси сите влијателни медиуми во Турција, а не го сопре ниту обидот за државен удар во 2016-та година кога после тоа прогласи вондредна состојба, уапси десетици илјади луѓе вклучувајќи и новинари, а стотици илјади полицајци, војници, судии и професори беа избркани од работа.

После тоа, Западот се повеќе поради репресијата ја критикуваше неговата авторитарност, слободата на говор и слободата на медиумите во Турција, а Ердоган практично ѝ го заврти грбот на Европската унија. Се споменува сега дури и враќање на смртната казна во Турција, а доколку се случи тоа, вратите на Европа за Турција ќе бидат со катанец затворени.

Ердоган кој што е оженет со Емина и има двајца синови и две ќерки во недела го очекуваат избори, а доколку победи на изборите, тоа ќе биде врвот на неговата кариера, затоа што после изборите, ќе биде воведен новиот претседателски систем.

 

 

 

 

22.06.2018 - 17:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега