Видео: Дали го знаевте ова правило - сите играчи освен Фонте го прославуваа голот на Роналдо

Пред три дена Шпанија и Португалија го одиграа најдобриот натпревар на ова Светско првенство во кој имаше вкупно шест погодоци, а по неколку пресврти и возбудувања, на крајот резултатот беше 3:3.

Играч на натпреварот беше Кристијано Роналдо кој постигна три гола, а токму третиот гол кој значеше израмнување го обиколи целиот свет. Не само затоа што беше фантастичен, туку и поради еден друг факт.

Имено, при прославата на голот сите играчи истрчаа кон аут линијата за да му честитаат на Роналдо за мајсторијата. Тоа го сторија сите, освен Жозе Фонте кој не по своја волја остана на теренот. Причината е едноставна. Бидејќи сите негови соиграчи беа надвор од границите на игралиштето, Фонте мораше да остане внатре, во спротивно Шпанија ќе можеше да тргне од центарот и без проблем да постигне погодок.

 

 

 

19.06.2018 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега