Милошоски: Ни Бранко Црвенковски нема потпишано ваков штетен договор


Со ваквиот договор Македонија самата ја поништува и суспендира меѓународно-правно валидната пресуда која беше во наша корист. Дури и во меѓународниот суд на правдата има повеќе почит и владеење на правото, отколку што тоа го има Собранието на, сѐ уште, Република Македонија.  Со ваквиот договор, Македонија се откажува од напорите и успесите на сите влади кои беа крунисани од 140 земји кои не признале под уставното име. Затоа е јасно зошто владата го злоупотребува европското знаменце. Не сака да има отворена и сериозна расправа. Сакаат што побргу да го изглааат и тоа е доказ дека договорот има фалинки, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

– Република Македонија имала многу претседатели, Киро Глигоров, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски… и никој не потпишал ваков договор кој ја доведува државата во потчиената положба. Тоа е најголемото предавство на оваа влада – рече пратеникот.

 

 

 

19.06.2018 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега