Исчезнатиот новинар тврди дека ова е убиецот на Оливер Ивановиќ - откриено кој е мистериозниот човек

Исчезнувањето на српскиот новинар Стефан Цветковиќ предизвика шок во српската јавност, а после неговото појавување не престануваат да се редаш прашања во врска со овој случај, кој сѐ уште не добил епилог.

Цветковиќ се споменува како човек кој го истражувал убиството на Оливер Ивановиќ, а на конференцијата за медиуми која е одржана во Белград во јануари оваа година, тој покажал фотографија од потенцијалниот атентатор.

Меѓутоа, откриено е дека на фотографијата е угостител од Ванкувер во Канада, Захари Зимерман, власник на „Сеј хај кофи“ и блогер на тема угостителство.

Неговата фотографија се наоѓа на страницата на која Зимерман го коментира квалитетот на другите ресторани.

Не е познато зошто Цветковиќ ја покажал оваа фотографија, и дали свесно или несвесно направил груба грешка.

Сетфан Цветковиќ изјавил дека денеска Министерството за внатрешни работи му доделило 24-часовно обезбедување.

Неговото исчезнување беше пријавено во средата минатата недела, а во петокот претставници на властите на вонредна конференција за новинари објавија дека Цветковиќ е пронајден.

 

 

 

19.06.2018 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега