Православните христијани празнуваат голем светец - денеска зачувајте го ова

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 јуни.

Денеска е Преподобен Висарион Чудотворец.

Висарион беше по потекло Египќанец. Подвижничкиот живот го започна во своите рани години. Не остануваше долго на едно место, туку до својата старот одеше од едно на друго пусто место. На себе имаше само едно парче облека и истото го носеше и лете и зиме. Живеејќи во таков постојан подвиг, се удостои за дар на чудотворство. Исцелуваше од секакви болести и правеше многу чуда во полза на луѓето. Се упокои мирно околу 466 година.

Беседата за денешниот ден вели:

„Целта на сѐ што се случува е да се зачува срцето свое, бидејќи од него излегува живот. Во срцето е волјата, во срцето е љубовта, во срцето е умот.

Од доброто срце излегува: мир, трпение, милост, вера, кротост, воздржување. Како што змијата ја чува главата, така ти сине, чувај го срцето свое. Целта е сѐ што се чува да го чуваш сине, срцето свое„ Од него излегува живот, ој е дарен од Бога.“

 

 

 

 

19.06.2018 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега