Страшна несреќа по полноќ во Скопје: Автомобил удри во малолетничка

Триесет минути по полноќ на крстосницата од булеварите „Србија“, „Видое Смилевски -Бато“ и „Јане Сандански“, патничко возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот Т.К.  од Скопје, удрило во 15-годишна девојка која управувала велосипед.

Од ударот со тешки телесни повреди се здобила велосипедистката која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде и била укажана лекарска помош и била задржана на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

19.06.2018 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега