Пукање во Скопје: Момче најдено како лежи изрешетано на улица

Околу 20.30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во селото Студеничани, скопско, бил пронајден со повреди од огнено оружје 28-годишниот Е.Ш. од селото Марино-скопско.

Тој бил застрелан со повеќе истрели од огнено оружје од 41-годишниот К.А. од селото Студеничани од возило во движење. На настанот му претходела тепачка меѓу двајцата.

Е.Ш. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

19.06.2018 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега