Тригодишно девојче цела ноќ било изгубено во поле со пченка - ја нашле благодарејќи на него

Малата Реми Елиот која има само 3 години, се изгубила во поле со пченка во кое поминала цела ноќ, бидејќи потрагата била невозможна после ноќта. Меѓутоа, кога конечно после 12 часа била пронајдена сфатиле дека со неа бил нејзиниот најдобар пријател кој не се одвојувал од неа и ја чувал.

Реми исчезнала во близина на нејзината куќа во Мизури, а нејзината мајка најпрво помислила дека можеби е во блиската шума.

Ги повикала пријателите, семејството и полиција и набрзо била формирана потрага од 100 луѓе и 2 хеликоптера.

Џон Коп, еден од првите луѓе кои се вклучиле во потрагата вели дека трагањето по 3-годишно девојче е страшно стресно и емотивно.

„Одевме напред-назад и налетуваме еден на друг, додека го извикувавме нејзиното име. Во еден момент батериските ламби почнаа да се гасат и луѓето од канцеларијата на перифот одлучија да ја прекинеме потрагата“, рекол семејниот пријател.

Групата се собрала рано изутрина во поголем број и продолжила да ја бара малата Реми.

„Трагање низ поле со пченка е како да одите во поле со жилети кое ве сече, а замислете како му било на малото дете. Исто така, во пченката не слушате добро, а кога некој ве вика не може да се ориентирате од каде продира звукот“, рекла Макала Хардкасл,семејна пријателка.

Вујкото на малата Реми дошол од Кентаки за да се приклучи на потрагата и тој на крајот и ја пронашол Реми. Тој сфатил дека малиот јоркширски териер цело време бил со девојчето и ја чувал. Всушност и неговото лаење ги довело до неа.

Кога ја пронашле Реми спиела и била исцрпена, испотена и изедена од комарци.

 

 

 

19.06.2018 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега