СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да покаже зрелост и да го поддржи договорот кој го поддржа ЕПП
ВМРО-ДПМНЕ треба да покаже зрелост и одговорност и да го поддржи Договорот којшто е во согласност со државните и националните интереси и којшто се става крај на 25 годишниот спор што ја влеше Македонија надолу.
Договорот ниту е штетен ниту пак е удар врз правото на самоопределување како што лажно тврди ВМРО-ДПМНЕ. Сосема спротивно, Договорот го гарантира и го зајакнува македонскиот идентитет и никој повеќе нема да го оспорува или негира. Македонски јазик, Македонци, Македонски, Македонец, Македонка, обезбедено еднаш засекогаш.
Целиот демократски свет дава силна поддршка за решението на овој долгогодишен спор.
Дури и Европската народна партија (ЕПП) кадешто членува и ВМРО-ДПМНЕ го поздравува Договорот и повикува на конструктивност од сите политички партии.
ВМРО-ДПМНЕ треба да даде поддршка на Договорот којшто ги штити нашите интереси, го обезбедува идентитетот и ги отвора перспективите за полноправно членство во НАТО и почеток на преговори за членство во ЕУ.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа