Лавров: Испланиран бил нападот со хемиско оружје во Сирија
Според шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, наводниот напад со хемиско оружје во едно од предградијата на Дамаск на 21 август, бил испланиран.
- Постојат низа различни сведочења на независни експерти, вклучувајќи ги и изјавите на калуѓерки од блискиот манастир и други сведоци. Таму биле и дописници од западни земји. Како што знаете, американски и европски експерти, вклучувајќи 12 поранешни претставници на Пентагон и ЦИА, упатиле отворено писмо до американскиот претседател Барак Обама, во кое објасниле дека се било смислено, рече Лавров.
Лавров потсети дека еспертите од неговата земја собрале докази дека сириските бунтовници користеле хемиско оружје.
15.09.2013 - 11:34