Душко Миновски: Интелектуалците најдискриминирани?

Со носењето на законот за заштита од дискриминација во 2010 година, е направен сериозен чекор во поглед на феноменот на дискриминацијата. Зголемени се бројот на пртеставките, комисијата доби централно место во тој поглед, пред суд е првиот процес за дискриминација. Сумарно, Македонија гради добра оснозва за заштита од дискриминација по сите основи. Претстедателот на Комисијата, Душко Миновски во Интервјуто за Прес24, вели дека сепак има уште многу да се работи. Неопходни се и некои модификации на постојниот Закон.

Иако една од надлежностите на Комисијата за заштита од дискриминација е да интервенира во законските регулативи и да бара нивни промени за кои смета дека се дискринирачки, досега, поради недоволните човечки ресурси, Комисијата нема направено целосна анализа во кои се Закони треба да се вршат измени.

-Конкретно до сега сме поднеле мислење за дискриминаторска одредба за закон во собраниска процедура (предлогот за измена на законот кои предвидува полагање на возачки испит и за лица кои се малолетни, односно постари малолетници над 16 год....бидејќи истата одреба упатуваше дека тоа можат да го прават само малди и ученици кои имаат одличен успех и добро поведение-што упатува на директна дискриминација)...се уште немаме епилог од тоа дали Собранието на РМ, ќе го уважи нашето мислење, вели Миновски за Прес24.

Поради краткиот рок на функционирање на Комисијата од неполни три години, статистички не може да се направи прецизна анализа која категорија граѓани во Македонија најмногу подлежни на дискриминација. Но, од досегашнте поднесени пртеставки, предничат вработените во образованието.

- Можеби и заради фактот дека се работи за лица интелектуалци, кои самата професија ги изградила во лица кои знаат да побараат заштита согласно постоечката регулатива, вели претседателот на Комисијата во интервјуто за Прес24, потенцирајќи дека сепак на дискриминација во поглед на образовната структура најмногу подлежат оние со средно образование, но тие ретко поднесуваат претсавки.

- По однос на основите исто така изразуваме мала резрва иако дефакто од пристигнатиот број на претсваки предначат тие кои се иницирани по основ на етничка и политичка дискриминација, вели Миновски.

Иако Комисијата, мислењето кое го носи не е задолжително за дискриминаторот, има моќ во евентуалната судска постапка.

-Да го аргументира и докаже пред судот своето мислење и затоа е од исклучителна важност да судоовите и судиите ја препзнаат работата и мисјата на комисијата, ги апсолвираат нашите мислења и истите ги валоризираат во самата постапка, на тој начин само ќе си ја олеснат работата, а и во напливот на демократизација на нашето општество, ќе си ја одиграат улогата во мисијата  антидискриминација, потенцијата Дишко Миновски.

 

ПРЕС24: Законот за спречување и заштита од дискриминација, покрај сите полемики при неговото носење, веќе е дел од законските прописи во државата. Кои се вашите видувања во однос на примената на Законот и постои ли можност и на кој начин негово подобрување?

МИНОВСКИ: Да, и покрај полемиките, како што впрочем и вие апострофиравте, законот е донесен во април месец 2010 год. и на основа на истиот формирана е комисијата за заштита од дискримининација (КЗД), која отпочна со работа од 01.01.2011 год. Од досегашното нејзино функционирање, евидентно е дека законот се имплементира и ги дава првичните резултати во контекст на: поднесувањето на претставките до КЗД од страна на физички и правни субјекти, дека по истите релевантно се решава и дека имаме во 15-случаи донесено мислење дека има дискриминација по разни основи. Исто така и вториот мандат, по својата важност не помалку вреднуван од првиот, а тоа е анимирање на јавноста за концептот на антидискриминација во РМ, по пат на работни средби, организирани форуми, конференции, на кои се присатни сите релевантни чинители на оптествените текови во државата. Меѓутоа како и останатите законски решенија и овој не е идеален и праксата укажува на одредени сегменти и делови кои во иднина би можеле да се изменат и со тоа да го подобрат самиот закон. Еве конкретно ние немаме можност како комисија да формираме одделение или сектор кои би биле подршка на комисијата во делот на техничката-административната и стручната подготовка на предметите. Потоа во самиот закон има цела една глава со прекршочни одредби кои ние во моментот не можеме да ги изречеме бидејќи немаме исто така посебно одделение кое може да ги изрекува овие санкции на база на донесено мислење од комисијата, инаку би имале состојба на онаа народната –кадија те тужи, кадија те суди-...за сето ова разговараме на редовните седници на комисијата и во план сме да доставиме предлози за измени на постоечкиот Закон за спречување и заштита од дискриминација, до ресорното Министерство за труд и соц.политика.

ПРЕС24: Согласно законот, комисијата не може да основа стручно – техничко – административно тело.  Како функционирате без оваа неопходна поддршка? Дали ќе следуваат активности за измени на Законот во овој поглед?

МИНОВСКИ: Токму така како што напоменав и претходно ова е суштинското прашање кое би ја унапредило работата на комисијата, а со тоа и фактичката имплементација на ЗСЗД. Значи ние како комисија во повеќе наврати сме го истакнувале овој проблем, особено пред претсатвниците на ЕК во РМ, потоа пред одредени пратеници, посебно пред собраниската комисија за еднакви можности меѓу мажите и жените (со која имаме потпишано меморандум за соработака, околу промоција на работата на КЗД, на локално ниво, користејќи ги токму овие комисии кои се формирани во поголемиот дел на ЛС), исто така побаравме преку пратеник (Павле Саздов) и автентично толкување на законот токму во оваа одредба (дали комисијата во ваков состав треба да ги обавува и струч.-админ.-тех., работи на самата комисија..или, има др.можности). Така да го очекуваме епилогот од оваа иницијатива и ќе настојуваме да се изнајде соодветно решение кое ќе допринесе кон подигнување на квалитетот и компетенциите на самата комисија.

ПРЕС24: Една од надлежностите на Комисијата за заштита од дискриминација  е да покренува иницијативи за измена на дискриминаторски одредби во постоечките закони. Имате ли анализира каде и во кои закони треба да се интервенира?

МИНОВСКИ: Да, токму така, една од надлежностите е и иницијативноста на комисијата за измени на дискриминаторски одредби во постоечките законски решенија. Конкретно до сега сме поднеле мислење за дискриминаторска одредба за закон во собраниска процедура (предлогот за измена на законот кои предвидува полагање на возачки испит и за лица кои се малолетни, односно постари малолетници над 16 год....бидејќи истата одреба упатуваше дека тоа можат да го прават само малди и ученици кои имаат одличен успех и добро поведение-што упатува на директна дискриминација)...се уште немаме епилог од тоа дали Собранието на РМ, ќе го уважи нашето мислење. Инаку, свесни сме за потребата од детална анлиза на попстоечкото законодавство кое регулира безброј односи меѓу граѓаните и во кои евентуално има дискриминаторски одредби.Но, тоа е сериозна работа, која КЗД, во моментот со постоечкиот човечки ресурс, не може да се зафати. Затоа сме во консултации со разни мисии пристани во РМ, како ОБСЕ, ОДХР, ЕК и др., кои би можеле по пат на проект да ни помогнат во овој дел, сакако и тука да не ги заборавам и кај нас етабилраните и докажани граѓански организации како: МЦМС, Полио плус, Евро Балкан и др., кои исто така можат преку аплицирање на странски грантови и проети да ни помогнат во овој дел од работата на комисијата.

ПРЕС24: Во тек е првиот судски процес покренат по тужба за заштита од дискирминација. Какав е вашата улога во процесот и дали тужителот се обрати прво до Комисијата?

МИНОВСКИ: Да, ова е од исклучителна важност за промоција на заштиата од дискриминација во РМ. Бидејќи е прв случај кој има судски епилог, потребно е на јавноста да и објасниме дека согласно ЗСЗД, комисијата носи мислење и дава препорака за тоа како да се надмине сторената дискриминација, нашето мислење нема облигаторност. Со други зборови значи дека, ако потенцијалниот дискриминатор не го испочитува мислењето на КЗД, клиентот, може да покрене тужбено барање пред наделжниот суд во РМ. Токму ваква состојба, тука Осносвниот суд во Штип, на барање на КЗД, не повика на подготвителното рочиште, да го образложиме нашето барање за наше замешување во конкретниот случај, бидејќи тоа нашиот матичен закон ни го овозможува. Конкретно нашата иницијатива е поткрепена во ЗСЗД, а со крајна цел да се ставиме на располагање на судот како одговорни и компетентни лица кои донеле мислење дека има директна и повеќекратна дискриминација, да можат по пат на распит и аргументација, ја констатираат наведената констатација во нашето мислење. Ова е од пресудно знашење не само за клиентот, за нас, туку и за судсвото, бидејќи би била прва пресуда во РМ, за покрената тужба за дискриминација од страна на одговорно лице во работна организација.

ПРЕС24: Кои катерии на професии најчесто бараат да бидат заштитени од дискриминација?

МИНОВСКИ: Ние благодарение на ОБСЕ и МЦМС, успеавме технички да се опремиме и да ја имаме толку неопходната база на податоци, која ни користи токму за овие намени. Анализа на состојбите, споредување и констатција за тоа кои се најзастапени категории на граѓани по разни основи и дејности во кои се повредувани нивните права или со наши зборови кажано се доведени во неповолна положба односно нееднаков третман пред позитивните законски прописи во РМ. Меѓутоа секако во 2.5-год., работа на КЗД, како и од  185-те случаи досега не можеме со сигурност да кажеме дека некоја основа доминира, или пак некоја професија, или дејност во која најчесто се случува дискриминација. Но, сепак од добиените претсавки и постапувања по нив, некако предначат вработените во образовната дејност (наставници,професори и др.), можеби и заради фактот дека се работи за лица интелектуалци, кои самата професија ги изградила во лица кои знаат да побараат заштита согласно постоечката регулатива.

ПРЕС24:  Ако се види образовната структура кои луѓе најчесто подлежат на дискриминација и на кој тип на дискриминација се жалат?

МИНОВСКИ: Во контекст на образовната структура сепак од нашата анализа произлегува дека тоа се лица со  средна стручна наобразба, која сепак со оглед на релативно малиот број на поденсени претсавки, не може да се земе како исклучително релевантен податок. По однос на основите исто така изразуваме мала резрва иако дефакто од пристигнатиот број на претсваки предначат тие кои се иницирани по основ на етничка и политичка дискриминација.

ПРЕС24:  Колку претставки до комисијата стасуваат годишно со барање за заштита од дискриминација?

МИНОВСКИ: Овде најдобро е да одговорам по принципот на пристигнати претсавки по години. И од самото тоа може да се забележи своевиден раст во доставувањето на претсавките, што пак упатува на заклучокот дека граѓаните дознаваат за комисијата, за донесениот закон и дека се повеќе се охрабруваат да поднесат претсавка и со тоа нас не искористат како механизам за заштита од дискриминација. Па така во текот на 2011 год., имавме добиено 60-претстваки, во 2012 год., 75-претсавки и оваа година заклучно со денешниот датум имаме добиено  51-претставка.

ПРЕС24: Како комисијата дефинира дали во еден случај постои дискриминација и која е постапката за поведување судски спор?

МИНОВСКИ: Заначи на добиена претсавка, комисијата на седница (1-неделно), ја разгледува од секој можен аспект. Утврдува дали е поденесена во законски рок од 3-месеци од денот кога била сторена повредата или најдоцна од 1-година од дознавањето за актот на дикриминација. Потоа се разгледува фактот дали евентуално не е покрента по истиот предемет постапка пред надлежен суд и за истата судот донел правосилна пресуда, како и врши увид во приложените факти и докази. Дури потоа се утврдува дека ќе се постапува и му се дава на Комесар кој ќе биде одговорен за поведување и спроведување на постапката.

ПРЕС24: Колку всушност комисијата може да помогне. До кој степен е моќта на Комисијата?

МИНОВСКИ: Комисијата и покрај тоа што носи мислење кое не е задолжително за дискриминаторот, има моќ во евентуалната судска постапка, да го аргументира и докаже пред судот своето мислење и затоа е од исклучтелна важност да судоовите и судиите ја препзнаат работата и мисјата на комисијата, ги апсолвираат нашите мислења и истите ги валоризираат во самата постапка, на тој начин само ќе си ја олеснат работата, а и во напливот на демократизација на нашето општество, ќе си ја одиграат улогата во мисијата  антидискриминација.

ПРЕС24:  Согласно Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп ратификувана од РМ, согласно Законот за градба, како и Законот за спречување и заштита од дискриминација, сите јавни и државни објекти мора да бидат пристапни и достапни за лицата со хендикеп. Вие сте на 20-тиот спрат во зградатаа на МТВ, а лифт постои само до 19-от. Зар не е ова парадокс! Ако до Комисијата тешко се стасува, како е во другите институции?

МИНОВСКИ: Да огромен прогрес во демокрасткиот амбиент во РМ е направен со ратификацијата на Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп, но тоа значи дека сега имаме и сериозни обврски кои треба да ги исполниме. Значи конечно мора да го надминеме односот на хипокризија кон овие наши граѓани, кои не бараат ние да сочуствуваме со нив, туку бараат да имаат еднаков третман и да се прилагодат не само објектите (што е примарна цел), но и да ја развиеме како општество, свеста за различноста во светот и кај нас. Од таму да делува парадоксално тоа да ние како тело за еднаквост, сме на 20-кат во МРТВ, но тоа воопшто не би бил проблем доклку лифтот би идел до 20-от кат е не до 19-от како што е случај сега. Правиме обиди преку Генералниот секретеријат на Владата на РМ и службата за општи и заеднички работи, да проблемот го надминеме, а во моментот имаме договор со службата за обезбедување во МРТВ, да не информираат ако има лице со хендикеп, па нашата волонтерка да се симне и ја спроведе постапката околу формирање и достава на претставката/

ПРЕС24:  Колку во Македонија е препознаен концептот на дискриминација, од страна на граѓаните и институциите, ако направите една анализа од искуството на Комисијата?

МИНОВСКИ: Па секако дека мора да кажеме дека се уште сме во фаза кога се вложуваат максимум обиди да работиме на подигање на јавната свест. Зачудува фактот дека кога се организираат разни семинари, обуки, форуми, конфренеции, имаме претставници на локалната самоуправа, на државната и јавната адмиснитрација, кои воопшто и не слушнале за донесениот ЗСЗД. Од таму се наметнува потребата да се доближиме до сите граѓани во РМ и за таа цел со мисијата на ОБСЕ, ќе одржиме 8-регионални работилници со претставници од ЛС и органите на државна управа кои се на локално ниво, како би можеледа допринесеме во подигање на свесноста за присатноста на дискриминацијата и механизмите са нејзино превенирање и спречување.

ПРЕС24: Беше отворена  бесплатна телефонска линија за пријавување и советување при случај на дискриминација. Каков е првичниот интерес на граѓаните?

МИНОВСКИ: Благодарение на добиениот проект преку Прогрес-програмата во кој како носител се јави Полио плус, а партнери сме ние и МЦМС, главен фокус е ставен на работата на комисијата и промоција на концептот на антидискриминација во РМ. Покрај големиот број на активности предвидени со проектот (спот, флаери, информатор, тв-дебати.ж, трибини), се пушти и бесплатна телефонска линија, за која граѓаните се уште во недоволен број знаат, но сепак истата функционира и имаме по неколку јавувања дневно.

ПРЕС24:  Согласно вашата стратегија 2011 – 2015, дефиниравте четири приоритени основи на дискриминација на кои ќе работи Комисијата за заштита од дискриминација во овој период.  Кои се вашите моментални активности согласно стратегијата ?

МИНОВСКИ: Една од приоритетните задачи на КЗД беше носње на стратегијата 2011-2015. Секако дека тука треба да напоменам дека во нашиот закон имаме 19-основи по кои постапуваме и листата не е затворена туку под останати или други прекршени права може да се постапува. Но, ценејќи го актулениот општесвено-економски момент во РМ и сите предизвици низ кои поминуваат нашите граѓани во овој предолг период на транзиција и аналогно на тоа вкоренетата дискриминација која сигурно не е дојдена сега од периодот на осамостојување, туку како багаж превземен од минатите времиња, моравме да се фокусираме на неколку приоритетни области, кои се кај нас најгорливи. Па од таму, по опстојна анализа констатиравме дека посебни заложби (не негирајќи ги др.основи на дуискриминација) треба да вложиме во делот на еднакви можности по основ на пол и род, по сонов на етничка припадност, по основ на лица со хендикеп како и на лицата по основ на старост.

ПРЕС24:  Каква е вашата соработка со граѓанскиот сектор и каде ја гледате улогата на граѓанскиот сектор во овој сегмент од општеството?

МИНОВСКИ: Овде морам да ви се заблагодарам на прашањето бидејќи сакам вистински да ја апострифирам исклучително важната улога на егзистирањето на граѓанскиот сектор сегде во светот, а секако и кај нас. Но кога говорам на ова поле мора да истакнам дека такво мислење имам за оние ГО, кои се етаблирани во своето делување и од кое крајна корсит имаат граѓаните во РМ. Значи препознатливи по својата мисија и визија, а не за сите оние кои работат на разни полиња и се со краток век на трање. Верувајте кај нас во Комисијата е од исклучителна важност соработака со нив а веќе ги споменав организациите со кои соработуваме, но и сите останати со кои по пат на проекти и орагинизирање на настани сме го дале доприносот во афирмирање на законот и механизмите за заштита на ова општесвено несакана појава-дискриминација.

ПРЕС24:  Има ли напредок во Македонија во остварувањтата на правата на граѓаните во поглед на недискириминација. И како ја дефинирате улогата на Комисијата во периодот додека Вие сте нејзин прв човек?

МИНОВСКИ: Па евидентно е дека со носењето на законот во 2010 година, се направи сериозен чекор во поглед на феноменот на дискриминацијата. Со самиот закон се појави уште еден релевантен актер на полето на антидискриминацијата. Ообено вежен е моментот да покрај Уставот на РМ, Анкетната комисија при Собранието на РМ, Народниот Правобранител, се конституиравме и ние како комисија со таа разлика што НП ги третира претсваките само од јавниот сектор додека ние го покриваме и јавниот и приватниот сектор. Во тој контекст сметам дека комисијата полека си ја поприми својата вистинска физиономија на центарлно тело во РМ, за спречување и заштита од дискриминација.

ПРЕС24:  Од крајот на декември 2012, Комисијата е членка на ЕКВИНЕТ. На кој начин учествувате во работата на Еквинет и кој бенефити ги има Коимисјата, како и Македонија, од членството во тоа тело?

МИНОВСКИ: Од исклучителна важност е тоа што сме членка на ЕКВИНЕТ, евопска организација на телата за еднаквост. Користа е повеќекратна, важно е дека сме рамнопрвна членка со сите останати ЕУ-дражави, повуикувани сме на сите генерални собранија. Ви континуитет сме повикувани на разни стручни симпозиуми и работилници во кои се разменуваат искуства и достигања во генералниот контекст на човекови права, особено од аспект на дискриминацијата. Она што секако е важно да го истакнам е можноста да за одреден дискутабилен проблем на иницирана претсвака кај нас, може да се обратиме до ЕКВИНЕТ, истата да биде разгледана од сите земји членки и да добиеме повратни стручни сугестии, околу постапувањето.

ПРЕС24:  Господине Миновски како може Македонија да се изгради  како општество со еднакви можности за сите?

 

МИНОВСКИ: Ова навистина е комплексно прашање, бидејќи феноменот на дискриминација по најразлични свои појавни облици е присатен секаде во светот. Нели амбициите на сите комисии се на почетокот големи, такви се и нашите, но свесни сме дека не можеме да ја искорениме дискриминацијата. Но со еден професионален однос, принципиелност, жртвуваност за мисијата и визијата дека со нашиот непосртедн ангажман ќе допринесеме во едно подемокрастко и почовечно општество во кое сите граѓани ќе бидат еднакви пред законите во РМ, можеме да бидеме оптимистични дека имаме шанса тоа и реално да го направиме.

15.09.2013 - 10:33

најчитано сега