Креативен центар за деца и млади

Издавачката куќа „Феникс“, во соработка со Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“, деновиве отвори Креативен центар за деца и млади.

- Во Креативниот центар ВИАРТ (Визуелизација, Интеракција, Анимација, Реализација, Творештво) ќе се создаваат и публикуваат најразлични креативни, инвентивни и интерактивни изданија наменети за најмладата читателска популација. Ќе се организираат и промоции, презентации, саеми за деца и други манифестации. Се работи и на покренување на сајтот www.viartportal.com.mk, кој ќе биде резервиран за откривање, афирмирање и презентирање на младите таленти од Македонија во сите области, информира „Феникс“.

Во Креативниот центар ВИАРТ, кој се наоѓа во непосредна близина на Универзалната сала, сите деца и ученици, но и други посетители, бесплатно ќе може да добијат членски легитимации за попуст на сите креативни производи од 10 насто, во текот на целата година.

најчитано сега