СДСМ повика: Исправи се ВМРО-ДПМНЕ – поддржи ја македонската иднина

 

ВМРО-ДПМНЕ да се исправи да ја поддржи македонската иднина и да каже ДА за решението коешто го зајакнува и обезбедува македонскиот идентитет еднаш – засекогаш! Македонија нема уште генерации за губење. Граѓаните очекуваат ВМРО-ДПМНЕ да даде поддршка на решението на 25 годишниот спор, што со децениија влечеше земјава надолу, се вели во соопштението на СДСМ.

Според владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ треба да каже ДА за референдум на којшто граѓаните ќе го имаат последниот збор. „Како најголема опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ треба да покаже зрелост и одговороност и да каже ДА за решението кое што обезбедува членство на Македонија во НАТО и полноправно членство во Европската унијата! ДА, за иднината на сите граѓани, ДА, за македонската иднина!“, се додава во соопштението.

 

 

 

13.06.2018 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега