Не е веќе тајна: Новинарка од Белата куќа покажала како Меланија живее кога камерите ќе се исклучат

Откако неколку месеци не се појави во јавност, почнаа да се нижат бројни теории на завера за болеста на Меланија Трамп, и иако веќе се појави во јавност, деталите за процедурата под која подлегнала сѐ уште не ѝ се познати на јавноста.

Новинарката Кејти Роџерс, дописничка од Њујорк Тајмс од Белата куќа одлучила да открие каков живот Меланија живее кога ќе се исклучат камерите.

Има многу тесен круг на пријатели во кои има доверба - не е необично, вели Кејти, првите дами сметаат дека имаат право на приватност и поради тоа покрај себе имаат мал број луѓе. Меланија навистина има тесен круг на луѓе на кои им верува.

Највеќе се потпира на својата директорка Стефани Гришам, која ги пренесува пораките на Меланија во јавност.

Меланија е воодушевена од положбата прва дама - Таа отсекогаш била задоволна со своето место во позадина. Водството му го препушта на сопругот и не мисли дека поради тоа треба да се правда.

Луѓето имаат погрешно мислење за неа, тие мислат дека е ладна судејќи по фотографиите на друштвените мрежи. Во живо е многу пријатна. Често се смее и има смисла за хумор, открива Кејти.

Додала дека Меланија е фасцинирана од положбата прва дама, но дека животот во реалноста не излегол таков каков се надевала.

 

 

 

13.06.2018 - 08:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега