Сите јадеме лубеница, но ова никој не ни го кажал - наместо да ја фрлите, искористете ја

 

Додека уживаме во омиленото летно овошје, кое освежува, никој од нас не размислува за кората. Скоро сите ние уште на самиот почеток ја запоставуваме. Но, тоа е така затоа што сите го обожаваме црвениот сочен дел, а за нејзината корист има многу малку информации.

Кората од лубеницата има витамини од групата Б и Ц, но овие материи наместо во нашиот организам, често пати завршуваат во кантата за ѓубре.

Научните истражувања покажуваат дека покрај овие витамини, во кората од лубеницата содржи високо ниво на цитрулин. Тој е важна и здрава аминокиселина која се претвора во аргинин, кој е многу значаен за здравјето на срцето и циркулација.

Кората од лубеницата е извор на влакна, па затоа е одлична за оние кои сакаат да слабеат.

Кората од лубеницата можете да ја искористите така што, најважно е прво добро да ја измиете, а потоа може да ја исечкате и измелите во блендер и да ја претворите во состојка во разни здрави напитоци, а може да се додаде во салата, супа или варива.

 

 

 

12.06.2018 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега