Семејство погребало бебе без ковчег: После 8 часа, слушнале звуци па почнале да копаат (видео)

Новороденче кое 8 часа било живо закопано во земја, е спасено во вторникот од страна на Бразилската полиција, пишува Дејли Меил.

Роднина на семејството го закопала бебето дирекно во земја, верувајќи дека бебето е родено мртво.

Сепак полицијата добила дојава дека новороденче е закопано на недоличен начин и под сомнителни околности.

Двајца полицајци биле пратени да го ископаат телото од импровизираната гробница, за да го погребаат детето правилно. Во очекување да најдат мал леш, полицајците биле шокирани кога слушнале цивкање од под земјата.

Живо бебе извелекле од под земја.

Девојчето, извалкано со земја, сеуште било прикачено на папчната врвца и се борела за воздух.Полицијата веднаш ја пратила во болница каде и се исчистени дишните патишта и даден и е кислород.

Тие ја посетиле и куќата на семејството на бебето, каде дознале дека мајката Бразилка, со Индиско потекло има само 15 години.

Мајката , како што таа вели била сама во тоалетот кога започнале контракциите, а бебето многу брзо искичило и паднало на под со главата, па поради тоа што не плачело, ппрабабата на бебето мислела дека е мртво.

Жената се бранела со својата традиција, па бебето го завиткала во ткаенина и го закопала во  дворот. Секако не очекувала дека 8 часа подоцна бебето ќе биде живо.

-Ова не е ништо друго, туку само чудо- рекол шефот на полицијата за тамошните медиуми.

Мајката тинејџерка заедно со бебето е примена во болница, каде бебето е во стабилна состојба и напредува, а прабабата е уапсена и обвинета за обид за убиство, пишува Дејли Меил.

 

 

 

12.06.2018 - 09:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега