Oд денеска почнува да работи преминот Џепиште – Требиште

 

Со работа денеска почнува граничниот премин за локален граничен сообраќај Џепиште – Требиште, согласно договорот меѓу Владата на Република Македонија и на Советот на министри на Република Албанија од ноември минатата година.

Граничниот премин Џепиште – Требиште кој ќе работи секој ден од 8 до 20 часот односно од 8 до 18 часот според зимското работно време, соопшти МВР, е наменет превенствено за жителите на пограничната зона.

Засега, овој граничен премин ќе може да се минува само пеш, односно не е дозволено минување со моторни возила.

најчитано сега