Гаши: Беса ќе стане прв избор на Албанците

Разочарани сме и ние и граѓаните од поделбата на Беса, но ако покажеме добри резултати со нашата работа во Владата, Беса ќе стане прв избор на Албанците, вели Африм Гаши, претседател на движењето Беса, во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Тој вели дека соработката со ДУИ во Владата ќе биде тешка, а се надева и дека нивната партија во Собрание ќе расте.

Тој најави дека како дел од Владата ќе се залагаат за професионализација, високи морални вредности во општеството, за работа, еднаквост кон сите, да не се прави дискриминација по никаква основа. 

-Министер во Влада на Република Македонија треба да биде министер на сите граѓани. Доверен ни е ресорот култура и ќе се залагаме нашиот министер и нашите луѓе таму да бидат инклузивни, да работат за доброто на сите граѓани - кажа Гаши.

Во врска со можноста да им се приклучат и двајцата пратеници од другото крило на Беса, Гаши изјави дека сакаат нивната пратеничка група да расте и дека отворени за сите пратеници кои мислат и веруваат во нашите принципи кои сме ги прокламирале јавно. 

Соработката со ДУИ во Владата, според него, ќе биде многу тешка, но очекува да не ги опструираат и секој да си ја работи својата работа. 

 

 

 

10.06.2018 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега