СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ 11 години не донесе закон за отпис на камата
Најважно е што им се помага на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ 11 години не донесе закон за отпис на камата, за сегашниот предлог-закон не е потпишан нивен пратеник, пишува во соопштението на СДСМ, кое е реакција на соопштение од ВМРО- ДПМНЕ, во кое се вели дека предлог законот е на опозицијата.
Оттаму велат дека Предлог законот за отпишување на камата за наплата на долгови, ќе им помогне на граѓаните и ќе обезбеди повеќе пари во семејните буџети и добро е што за овој закон е изнајден консензус. Најважни се граѓаните.
- Останува фактот дека ВМРО-ДПМНЕ 11 години ниту предложи ниту изгласа ваков закон за да им помогне на граѓаните. За жал ниту во поднесувањето на сегашниот Закон не е потпишан пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Поддршката и потписот од коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ е за поздравување. Очекуваме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на дело да ја покажат оваа декларативна поддршка за Законот за отпис на каматите со гласање во Собранието на Република Македонија. Тоа е во интерес на сите граѓани- наведува СДСМ во своето соопштение.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа