Сириски авиони бомбардираат предградија на Дамаск?
Сириските опозициски активисти тврдат дека сириски борбени авиони денеска нападнале предградија на Дамаск кои се под контрола на бунтовниците, додека владините сили се судриле со бунтовниците на првата линија на фронтот,
Според опозициските активисти, нападите се насочени на Берзе, североисточниот дел на централен Дамаск, од каде бунтовниците настојуваат да ја прошират контролата и над другите делови на градот.
Судирот во Сирија почна во март 2011 година со мирен протест против режимот на претседателот Башар ал-Асад. Мирните протести прерасна во граѓанска војна во која животите ги загубија преку 100.000 луѓе.
САД и Русија денеска постигнаа договор за контрола на сириското хемиско оружје кој предвидува тоа да биде целосно уништено до средината на идната година.