Чарли Шин заврши средно на 48 години

Откако пред 30 години познатиот холивудски актер Чарли Шин беше исфрлен од училиштето во Санта Моника, сега конечно може да се пофали со дипломата дека го завршил средното училиште. Актерот за само неколку бодови не можел да матурира со своите соученици во 1983 година. Залудни биле обидите на неговите родители да земе дополнителни часови за да може да добие диплома. Шин одбил да присуствува и на летната школа иако неговите родители поднеле барање. 

-Тоа ми остана незавршена работа и постојано ме мачеше. Ја имам таа непоправлива навика да ги оставам нештата недовршени, изјавил тој за Ти-ем-зи.

Овој 48-годишен актер сега признава дека средношколската диплома е достигнување со кое навистина се гордее.

14.09.2013 - 13:59

најчитано сега