ВИДЕО: Америка и Русија се договорија - Сирија мора да го уништи хемиското оружје

 

САД и Русија постигнаа договор за контрола врз сириското хемиско оружје. Договорот предвидува оружјето да биде целосно уништено до средината на идната година, информираа шефовите на дипломатиите на двете држави Џон Кери и Сергеј Лавров. 

Кери истакнал декка по разговорите со Лавров, очекуваат режимот на сирискиот претседател Башар Асад да ги исполни јавно дадените ветувања.

Лавров истакна дека тело на ОН кое е задолжено за контрола на хемиско оружје ќе мора прво да даде зелено светло за американско-рускиот предлог, а потоа ќе има временска рамка за уништување на сирискиот хемиски арсенал. ЛАвров рече  дека предложениот договор не содржи ништо за потенцијална употреба на сила, но, Кери истакна дека не постои прелиминарен договор за тоа каква акција би можел да преземе СБ на ОН доколку Сирија не го прифати планот за целосно уништување на сириското хемиско оружје. 

14.09.2013 - 13:48

најчитано сега