Пецаков: Удар врз туризмот - скандалозна одлука за наплата на паркинг на улиците низ Охрид
Во период кога туристичката сезона е започната ЈП „Билјанини извори“ носи скандалозна одлука за наплата на паркинг на улиците. Имено, зоната А со највисока цена се проширува со што по цела должина ќе се наплаќа на следните сообраќајници-улици: Илинденска, Цар Самоил, Коста Абраш, Кузман Јосифовски-Питу, а покрај нив во Зона А се и јавните паркиралишта на дел од Бул. Македонски просветители, Кеј Македонија, Партизанска, Димитар Влахов, Јане Сандански, стара Автобуска и кај старата стоковна куќа Чинар. Одлуката со проширувањето на зоните особено Зона А значи по автоматизам поскапување на цените за паркинг.
Ова го потенцира Кирил Пецаков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
-Во зона Б нелогично се вметнуваат улици каде што таква услуга никогаш немало. Дури се дрзнуваат Булевар Туристичка којшто е магистрален пат да го узурпираат за наплатување паркинг. Во Стариот дел на градот којшто е репрезентативен дел наместо зона без возила сега и трите најпосетувани улици од туристите ќе бидат паркинг и ќе се наплаќа. ВМРО-ДПМНЕ го повикува Градоначалникот Стојаноски веднаш да побара поништување на оваа скандалозна одлука на Уравниот одбор на ЈП „Билјанини извори“ и истата да не ја става како точка на дневен ред на следната седница на Совет. Наместо безидејноста на Градоначалникот му порачуваме да се зафати со капитални проекти како што е изградба на катни гаражи. ВМРО-ДПМНЕ не е против модерен начин за наплата за паркирање со испраќање на СМС порака, но не може тоа да се прави без пилот-проект и во туристичка сезона. Им објаснавте ли на вработените што ќе се случи со нив и каква ќе биде нивната иднина? Охрид памети! Граѓаните на Охрид паметат дека СДСМ еднаш ја признаа грешката со начинот на управувањето на паркинзите што ја поремети туристичката сезона и живеењето. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи повторно партиските интереси да се стават пред интересите на Охриѓани, заклучи тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа