СДСМ го честита Јом Кипур

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска упати честитка до сите припадници на Еврејската заедница во Македонија по повод еврејскиот празник Јом Кипур.

- По повод големиот празник Јом Кипур, чест ми е на сите припадници на Еврејската заедница во нашата земја да им упатам срдечни честитки со најискрени желби за благосостојба, добро здравје и среќа.Јом Кипур е празник на помирувањето, покајанието и простувањето, а со негувањето на овие вредности, заеднички придонесуваме за подобра иднина и просперитет на сегашните и идни генерации. Овие денови нека донесат радост и духовен мир на сите луѓе, се вели во честитката.

14.09.2013 - 11:38

најчитано сега