Франција и Литванија се пласираа во четвртфиналето од ЕП

 

Откако ги одиграа натпреварите од 2.коло во втората групна фаза на Евробаскетот, и репрезентациите на Франција и на Литванија си обезбедија пласман во следната четвртфинална фаза.

Вчера вечерта, Франција ја совлада Летонија, Литванија ја победи Белгија, а Србите изгубија од украинските кошаркари. 

 Постигнати резултати: Литванија - Белгија 86:67, Украина - Србија 82:75 и Франција - Летонија 102:91. 
 
Табела Е група: Литванија 7 бодови, Франција 7, Србија 7, Украина 6, Летонија 5, Белгија 4. 
 
Денеска ќе се одиграат средбите од 2.коло во Ф групата. Двојките се: Хрватска - Италија, Шпанија - Финска и Грција - Словенија.
 
Табел Ф група: Италија 5 бодови, Словенија 5, Хрватска 5, Шпанија 4, Грција 4 и Финска 4. 

14.09.2013 - 10:40

најчитано сега