Хашим Тачи: 3% Срби во Косово имаат повеќе права од 35% Албанци во Македонија

Косовскиот премиер Хашим Тачи ги повика Албанците во Македонија да работат повеќе на остварување на своите права, јавува Алсат.

Тачи во изјавата вели дека 3% Срби на Косово имаат повеќе права од како што пребројал 35% Албанци во Македонија

"Вистина е дека Косово се покажа многу афирмативно и 3% Срби во Косово уживаат повеќе права од 35% Албанци во Македонија. Но, тоа е прашање за кое самото албанско раководство во Македонија треба да донесе одлуки што се однесува до нивната интеграциска иднина таму и нивната положба", изјави косовскиот премиер Тачи.

На средбата со него, новиот премиер на Албанија, Еди Рама изрази загриженост за состојбата на Албанците во Македонија

“Нашата подготвеност, толку колку што се однесува до регионалната соработка, се однесува и на заложбите и заедничката работа на Албанија и Косово за реализирање на една многу јасна политика која се однесува на правата на Албанците во регионот. Приоритет во овој контекст се правата на Албанците во Македонија, не само поради бројноста на Албанците таму. Јас мислам дека приодот што треба да го има државата кон нашето ново поглавје ни наметнува да бидеме покрај Албанците каде и да се наоѓаат, без да ги броиме колку се. Како промотори што се длабоко ангажирани за мирот и стабилноста во регионот, ние сме сосема свесни за интегритетот на егзистенцијата и сме целосно заинтересирани за напредокот на Македонија која како основа го има балансот и односите меѓу албанскиот народ и македонскиот. Но, случајот на Албанците во Македонија е загрижувачки, особено поради неспроведување на постигнатите договори со посредништво на нашите меѓународни партнери или поради нефункционирањето на механизмите кои произлегуваат од тие договори“, вели албанскиот премиер Рама во изјава што ја пренесе Алсат ТВ.

13.09.2013 - 20:25

најчитано сега