Утре облачно со температура до 27 степени

 

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Утринската температура ќе се движи од осум до 15, а дневната од 20 до 27.

Во Скопје слично време, со утринска температура до 12 и со дневна до 26 степени.

Во недела ќе има благ пораст на дневната температура која се очекува да се движи од 22 до 29 степени. 

13.09.2013 - 16:46

најчитано сега