ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Ранковце вработува партиски луѓе во општината

 

Градоначалникот на Општина Ранковце е еден од многуте примери на градоначалници од СДСМ кој што на секаков можен начин вршат груба партизација на општините.

Тој по стапувањето на функцијата Градоначалник на општината, почна со својата пракса да вработува партиски луѓе во општината. Со цел да се ослободи место за што повеќе вработувања и да се направи целосна партизација во општината, тој на незаконски начин и врачи отказ и ја избрка од своето работно место г-ѓа Слаѓана Николовска.

Обидувајќи се да го сокрие грубиот начин на партизација и вработување на што повеќе членови од редовите на СДСМ во Општина Ранковце, Момчило Алексовски само го потврдува начинот според кој се вработуваат луѓе од редовите на СДСМ.

 

Господине Алексовски, свесни сме дека на партиските членови им имате ветено вработувања  во општинските установи, но оставете ги институциите да си ја вршат својата работа и тие да одлучат дали и какви мерки треба да се превземат.

13.09.2013 - 16:19

најчитано сега