„Шумското дете“ не сака да се врати во цивилизацијата

 

Дваесетгодишното момче кое неодамна беше пронајдено по 16 години живот во шумата, рече дека е среќен во дивината и дека не сака да се врати во цивилизацијата.

Неговите родители го отфрлиле животот во конвенционалното општество во почетокот на 90-те години, по распаѓањето на Советскиот сојуз, и оттогаш живееле во шумска колиба.

- Живееме добро. Нема да се преселам во близина на градот. За да го сторам тоа, мора да имате покултурно општество, да го промените мирисот на градот и да го решите проблемот со загадувањето. Среќен сум таму каде што сум, рече тој за „Сибериан тајмс“.

Неговите родители само сакале нивниот син да биде „паметен, мил и искрен човек“.

13.09.2013 - 16:10

најчитано сега